Романија избира нова влада на 24 февруари

Од:

Гласањето за нова влада на Романија ќе се одржи на 24 февруари, објави романската новинска агенција “Аџерпрес”.

Парламентот го одобри денеска распоредот во процедурата за стапување на должност на новата влада, откако кабинетот на Националната либерална партија беше соборен со иницијативата за гласање недоверба, поднесена од Социјалдемократската партија и “Демократската унија на Унгарците” во Романија.

Раководството на Парламентот, каде социјалдемократите имаат мнозинство, одлучи денеска да одржи расправа за новите министри следната недела – на 17, 18 и 19 февруари, а гласањето за нова влада да се спроведе на 24 февруари.

По успешното гласање недоверба, шефот на државата Клаус Јоханис се консултираше со парламентарните партии и повторно го предложи за премиер лидерот на либералите Лудовик Орбан, кој вчера го предложи истиот состав на кабинетот, што беше соборен со гласањето недоверба.

Според романските медиуми, претседателот Јоханис и “Националната либерална партија” сакаат да предизвикаат предвремени парламентарни избори, со цел да и се обезбеди на владата солидно мнозинство да ги спроведе планираните реформи. За да се закажат предвремени избори, Парламентот мора да одбие два предлога за премиер и влада во рок од 60 дена.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Букурешт: Падна дел од таванот во операциона сала за време на операција

Горан Наумовски

Романија: Преживеани од пожарот во диското „Колектив“ нудат помош за настраданите во Кочани

Централната изборна канцеларија на Романија потврди 12 кандидати за претседателските избори

Романија има нов кандидат за претседател

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски