Родителите бараат промена на името на 10-годишниот Фетхулах од Турција

Од:

Родителите на 10-годишното момче Фетхулах од јужна Турција сакаат да му го сменат името, бидејќи нивниот син има име како исламистичкиот проповедник Ѓулен, кој турските власти го обвинија дека стои зад обидот за воен удар.

Таткото на момчето Емир Сонмез изјави дека сака да го оддели целото семејство од проповедникот Фетхулах Ѓулен.

– Мислевме дека тој е човек на исламот, но сега се промени ситуацијата. Би сакал да го сменам името на синот, изјави Сонмез пред судот во Газиантеп.

Тој додаде дека Ѓулен е предавник.

Момчето изјави дека сака новото име да му биде Кајхан Али. Тоа додаде дека стравува оти би се шегувале со него поради сегашното име, како и дека не сака исто име со „лидерот на терористичка организација“.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ