Заменик помошникот на државниот секретар на САД, Филип Рикер денес ги повика властите во Србија да го прифатат предлогот на Брисел за нормализација на односите со Косово и да продолжат со дијалогот со Приштина, за да добијат датум за почеток на преговорите за ЕУ.
-Ја повикуваме Србија да искористи можноста, бидејќи сакаме да видиме Србија да ги исполни исте услови за почекот на преговорите – изјави Рикер.
Тој го повтори ставот на Стејт департамантот дека вчерашната расправа во кривичниот суд на Генералното собрание на ОН, се претвори во неурамнотежена и заговарачка дебата.
-Расправата беше можност да се засили глобалниот систем на меѓународните судови, но се претвори во негативна – изјави Рикер и додаде дека САД силно дава поддршка за работата на Хашкиот и останатите судови во ОН.
Елена Георгиевска