Република Српска ќе ги казнува до 15 години затвор сите што ќе ја прогласат за геноцидна творба

Од:

За нарекување на Република Српска агресорска или геноцидна творба, како и за нарекување на нејзините народи агресорски или геноцидни, во земјата ќе се казнува со шест месеци до пет години затвор, предвидено е со измените на Кривичниот законик, кои ќе бидат усвоени на специјална седница на парламентот во петок.

Доколку овие дела ги стори службено или одговорно лице, или лице во институциите на власта или во орган кој се финансира од државниот буџет, казната ќе изнесува од две до десет години затвор, предвидено е со измените.

Со три години затвор ќе се казнуваат „сите оние кои јавно ќе ја изложат Република Српска, нејзиното знаме, грб, амблем или химна на навреда, презир или грубо омалуважување“.

На оние кои ќе го наречат ентитетот геноциден и ќе ги омаловажуваат нејзините симболи „со намера да го сменат уставното уредување на Република Српска, нејзиниот тероторијален интегритет или независност“, им се заканува затворска казна од три до 15 години.

Потегот на властите во Република Српска доаѓа откако високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Валентин Инцко, чиј мандат завршува, минатата недела наложи да се смени Кривичниот законик и да се воведе кривично дело „негирање на геноцидот“ и „величање на воените злосторници“, што во Бања Лука беше видено како антисрпски чин.

Би можело да ве интересира

Република Српска врати пратка со македонски сливи, имале пестициди повеќе од дозволеното

Жарко Настоски

Кој ќе гo нарече српскиот народ геноциден, ќе оди во затвор – во Бања Лука му подготвија одговор на Инцко

Жарко Настоски

Додик: Од утре ги напуштаме органите на БиХ, одлуката на Инцко за негирањето геноцид е ништовна

Жарко Настоски

Поранешен министер во Република Српска осомничен за голема проневера

Жарко Настоски

Лекар од Бања Лука сексуално злоставувал пациент кој бил во кома по сообраќајна несреќа

Жарко Настоски

Бања Лука: Поранешниот министер за образование доби девет години затвор поради злоставување 14-годишно девојче

Жарко Настоски