Републичкиот штаб бара од српската Влада прогласување вонредна состојба во Србија

Од:

Републичкиот штаб за вонредни ситуации на Србија усвои денеска заклучок во кој од Владата на Србија се бара да прогласи вонредна истуација на целата територија на државата поради големите поплави.

Тоа го предложил министерот за внатрешни работи Небјша Стефановиќ и е едногласно прифатено, јави Танјуг.

Премиерот на Србија и шеф на Штабот Александар Вучиќ изјави дека заклучокот ќе биде разгледан на седницата на Владата закажана за попладнево. Тоа ќе значи според Вучиќ, ангажирање на сите расположиви капацитети кои ќе бидат ангажирани на намалување на последиците од таа елементарна непогода.

– Ова е најголема катастрофа што не се памети во историјата на Србија, изјави Вучиќ.

– Најважно е да се сочуваат животи бидејќи вода и оган никој не може да победи, потенцира тој.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ