Рекордно високи температури во Романија

Од:

Во Романија денеска се измерени температура речиси 15 степени Целзиусови над нормалните за 24 декември, изјави метеоролот на Националната служба за метеорологија Виорика Дима.

Тој посочи дека тоа е најтоплиот 24 декември во последните 50 години.

– Вообичаено за овој период на годината, пред Божиќ, дневната температура треба да биде од минус три до плус пет степени, а во текот на ноќта од минус 11 до минус еден во цела земја. Додека во Букурешт дневната плус два, а ноќната минус четири степени, посочи Дима.

Метеоролозите најавуваат дека од 25 декември температурите во Романија ќе забележат пад од неколку степени.

Би можело да ве интересира

Романија има нов кандидат за претседател

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски