Реката Тунџа кај Едрене пред излевање

Од:

Поројните дождови, кои во последните денови ја зафатија северозападна Турција, го зголемија нивото на реката Тунџа, која тече низ градот Едрене, и постои опасност од нејзино излевање.

Нивото на реката за два дена се зголемило четири пати. Водостојот на Тунџа пред два дена бил 43 метри кубни во секунда, а при последното мерење се регистрирани 154 метри кубни во секунда. Постои опасност за уште поголемо зголемување на нивото на водата во текот на денот.

Властите во Едрене алармираат дека Тунџа во секој момент може да се излее. Предупредени се екипите на службата за природни катастрофи и кризни ситуации, како и полицијата.

Движењето преку мостот Фатих веројатно ќе биде запрено и пренасочено преку мостот Кануни.

Градоначалникот на Едрене, Реџеп Ѓуркан изјави дека постојано се врши мерење на водостојот на реката Тунџа.

– Моментно реката тече со полна сила. Но, во Бугарија започнало намалување на нивото, па претпоставуваме дека утре попладне тоа ќе започне и кај нас да опаѓа. Ги презедовме сите мерки против евентуално излевање. За реката Марица нема опасност од излевање, истакна Ѓуркан.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ