Реџепи: Нема преговори за северот на Косово

Од:

Косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи изјави дека статусот на северот на Косово нема да биде предмет на политичките преговори меѓу Белград и Приштина.

„Ако мислат за поделба или специјален статус за северот во Косово, тоа е само за внатрешни потреби на некои политичари. Максималниот компромис е планот на Ахтисари“, изјави Реџепи за „Блиц“.

Тој додаде дека сè уште не знае кој ќе учествува во преговорите и додаде дека нивниот формат диктира тешка артилерија – Американци и Европска унија, кои како што наведе, се на највисоко ниво вклучени и тие ќе диктираат кој ќе учествува.

Одбивањето за поголема автономија за северот или поделба за Косово, Реџепи го брани со тоа дека ова веднаш би отворило вентил во Прешевската долина, Македонија и во Црна Гора.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски