Според податоците на Меѓународниот комитет на Црвениот крст уште 11.859 луѓе се водат за исчезнати од време на војните во поранешна Југославија.
Податоците беа презентирани на конференција во Белград по повод Меѓународниот ден на исчезнатите лица.
Српски претставници наведоа дека околу 3.500 лица или една третина од луѓето чија судбина е неизвесна се Срби.
Според Меѓународната комисија за исчезнати лица од вкупно 30.000 изчезнати за време на војната во Босна и Херцеговина откриени и идентификувани се посмртните останки на околу 22.000 луѓе или 70 проценти.
Црногорската комисија за исчезнати лица се уште трага по 61 граѓанин, од кои 43 исчезнале на територијата на Косовоо, 12 во БиХ и шест во Хрвастска.
Според ЕУЛЕКС во Косово како исчезнати се водат 1.726 луѓе. По повод Меѓународниот ден на исчезнати лица, Фондот за хуманитарно право апелираше до државите од поранешна Југославија да ги зголемат напорите за откривање на сите исчезнати за време на војните.