Реакцијата од Вучиќ, британски Гардијан ја објави во рубриката „писма од читатели“

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ реагираше на уредничкиот став на познатиот британски весник „Гардијан“, но она што веројатно не го очекуваше е дека неговото мислење ќе биде објавено во рубриката „писма од читатели“.

Како што се гледа на фотографијата, ставот на Вучиќ за она што „Гардијан“ го објави неколку дена претходно е сместен меѓу писмата на читателите, а некои од темите се проблеми со музичкиот правец на блек металот, ставови за интервјуто со Ник Клег (британски пензиониран политичар и поранешен лидер на либералните демократи), а тука е и делот „Кантри дневник“, односно, како што го опишува „Гардијан“ – „дневни извештаи од селата и природата од најстарата колумна во весникот во светот“.

Во статија објавена од „Гардијан“ на 25 август се наведува дека „протестантите заслужуваат поголема поддршка и солидарност од ЕУ отколку што добиваат“. Автократ и циник, присуството на Вучиќ во политиката на Западен Балкан „Гардијан“ го оценува како „малигно“.

Авторитарниот одговор на протестите – кои се проширија во малите градови – придонесе за пад на јавната доверба во лидерот кој ја користеше моќта на државата за да им служи на сопствените политички интереси, се наведува во овој весник, додавајќи дека на Србија ѝ се потребни „слободни и фер избори и пресврт на авторитарниот режим од изминатата деценија“.

Во својот одговор, Вучиќ оцени дека Србија е длабоко ориентирана кон Европа, што тешко е во согласност со идејата за неа како „авторитарен и малиген аутсајдер во регионот“.

Во текстот, Вучиќ, исто така, наведува дека во изминатите девет месеци се одржале 23.000 нелегални собири.

„Повеќето од нив биле мали, понекогаш само неколку десетици луѓе, но тие го нарушиле секојдневниот живот, ја запреле владата и неодамна станале насилни. Повеќе од 170 полицајци биле повредени. И покрај ова, полициските акции останале ограничени, воздржани и насочени само кон оние кои оштетиле имот или нападнале полицајци“, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Први ноември ќе биде ден како и секој друг, нема да можат да ја соборат Србија

А1он

Вучиќ : За Србија членството во Европската Унија е стратешка определба

Вучиќ ги повика граѓаните да ја поддржат Српската листа на изборите во Косово и Метохија

А1он

Вучиќ за дроновите што пристигнаа во Приштина: Згрозен сум од однесувањето на Турција

А1он

Вучиќ во Њујорк со Нетанјаху: Отворена темата за склучување договор за слободна трговија

Вучиќ во ОН: Србија ќе остане слободна и независна – го нудам Белград како место за дијалог за светските конфликти

А1он