„Разбуди се“ бара пасоши за сите Албанци надвор од Албанија

Од:

Граѓанското здружение „Разбуди се“ денеска преку соопштение испратено до медиумите даде поддршка на идејата на премиерот на Албанија, Сали Бериша, за унифицирање на албанските фудбалски клубови во една лига.

„Разбуди се“ ја поддржува иницијативата на албанската влада и за издавање на пасоши на Република Албанија, на сите припадници на таа националност.

„Од пред неколку години сметаме дека овој чекор не смее да ѝ наштети на автохтоноста на Албанците во Македонија каде што правата на заедницата зависат од бројот со кој што се претставени. Затоа треба да се изнајде формула која што нема да им наштети на правата на Албанците во Македонија, туку напротив ќе ја засили уште повеќе нивната посветеност за да дејствуваат во оваа земја. Предлага промени во Изборниот Законик на Албанија при што, на Албанците надвор од границите на Албанија, ќе им се овозможи правото на глас на општи избори и избор на пропорционални претставници на Албанците од Косово, Македонија, Црна Гора, Прешево и Чамерија во собранието на Албанија. Овие чекори не треба да се осудат како негативни од било која соседна земја на Албанција затоа што на пример, Македонија ги има снадбено со пасоши сите граѓани во диаспората, но и во други земји од регионот, посебно во општината Пустец во Албанија, и им го признава правото на глас и избор на нивни претставници. Денес, во Собранието на Македонија има 3 пратеници кои што ја претставуваат диаспората на оваа земја“ се вели во соопштението на оваа здружение.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски