Рама: За ЕУ би било „самоубиство“ доколку ги исклучи земјите од Западен Балкан од евроинтеграцискиот процес

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама истакна дека би било „самоубиство“ за Европската Унија доколку го исклучи регионот на Западен Балкан или која било поединечна земја од процесот на европска интеграција.

Рама во интервју за „Франс24“ беше прашан за интеграцијата на нашиот регион во ЕУ и проблемите меѓу земјите, главно меѓу Косово и Србија, меѓу кои често има тензии. На прашањето дали мисли дека Унијата ќе прифати членство на земји кои имаат силни проблеми и тензии меѓу себе, албанскиот премиер рече дека тоа може да биде причина повеќе за интеграција.

– Можеби тоа е причина повеќе да се интегрираме. Од геополитичка гледна точка, би било самоубиство за Европската Унија да го исклучи регионот на Западен Балкан или некои земји. Треба да го направи спротивното, да го вклучи и обедини регионот, бидејќи само така ќе се постигне конечен мир во регионот. Да, има повремени проблеми, има одложувања, но севкупната рамка на регионот е многу подобра отколку пред 10 години. И тоа благодарение на Европската Унија и привлечноста што ЕУ ја ужива во овие земји – рече Рама.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Рама побара поддршка од албанската дијаспора во САД за негов четврти мандат

А1он

Фон дер Лајен: Извештајот за напредокот на земјите ќе биде објавен следната недела, Албанија со одлични резултати

А1он

Рама: Тажен сум што братска Македонија не е денеска со нас, нанесена и е голема штета

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци

Надал се согласи со Рама-отвора академија за тенис во Албанија

Предраг Петровиќ