Рама во Бејрут по повод реадмисијата на четири деца и една жена од кампот во Сирија

Од:

Премиерот Еди Рама и министерот за внатрешни работи Сандер Лешај, заедно со генералниот конзул на Албанија во Либан, Марк Горајеб, во Бејрут се среднаа со генерален директор за безбедност генерал-мајор Абас Ибрахим.

На средбата Рама се заблагодарил во име на албанската држава за помошта дадена при евакуација на една Албанка и четири деца Албанци од кампот Ал Хол во Сирија.

Ибрахим изјави дека ова е добар почеток во овој долг и тежок процес на враќање на албанските државјани останати во Сирија.

– Жената и четирите деца ги спасивме по едногодишни преговори. Владата ќе вложи максимални напори за враќање и на другите албански државјани, кои поради разни причини се останати во Сирија, истакна Рама.

Во озогласениот камп, што се наоѓа во севериот дел на Сирија има најмалку 40 деца и 70 жени албански државјани. На страната на теротртичката Исламска држава војуваа најмалку 150 албански државјани а убиени се тресеттина.

Би можело да ве интересира

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици