Рама со критики до ЕУ: Бугарија, среде војна, зема во заложништво две земји членки на НАТО за историски прашања

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама Рама, кој учествувал на европскиот форум во Австрија, повторно со критки до ЕУ, за состојбата со прием на нови членки, негрижата за обезбедување антковидвакцини за западен Балкан и недавањето визна либерализација за Косово

-Земја членка на НАТО, Бугарија, среде војна, зема во заложништво две други земји членки на НАТО. За што? За некои историски прашања. Европската унија се претвора во катедра на немоќни држави, посочил Рама, пренесуваат албанските медиуми.

Според него за време на пандемија ЕУ ги заборавила шесте земји од западен Балкан и оти Кина, Русија и Турција се тие што спасиле животи на Западен Балкан и дека без помошта на претседателот на Турција, немало да има вакцини во Албанија.

-Среде Европа сме, со многу врски, со сите телевизии, насекаде, гледаме како среде пандемијата се собираат и се делат вакцините, но не прашуваат за овие шест земји. Дали некој им дал вакцини на овие? Кога станува збор за тоа, Кина, Русија и Турција се тие што спасија животи во Западен Балкан, потенцирал Рама.

Во однос на визната либерализација за Косово тој рекол дека „кога Косово беше под режимот на Милошевиќ, слободно се движеше во ЕУ, а денес кога е ослободено е во заложништво од ЕУ“.

– Косово од варварскиот режим беше ослободено од големите сили, демократските сили. Но за време на тој режим граѓанте на Косово можеа слободно да се движат во Европа. Со ослободителите станаа заложници. Тие не можат слободно да се движат. Бабите и дедовците на децата кои се родени во слободно Косово, можеа да одат во Германија, да дојдат во Австрија, а нивните деца не, бидејќи нема либерализација на визите. Никој не мисли: дајте им на овие луѓе слобода да се движат. Нека има поконструктивен дијалог, рекол Рама.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он

Рама: На автопатот кој ги поврзува Дебар и Тирана нема да се наплаќа патарина

А1он

ВИДЕО Еди Рама збесна за време на пренос во живо: „Е*и се, е*и се“

Горан Наумовски

Еди Рама го демантира извештајот на израелска телевизија за преговорите со САД за Палестинците

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Рама клекна на колена, па и го честиташе роденденот на Мелони

Горан Наумовски

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он