Рама најави состав на нова влада за следната недела и вети продолжување на активностите за „Отворен Балкан“

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама, кој на изборите на 25 април обезбеди трет мандат, денеска најави дека следната недела ќе го објави составот на новата влада.

Во својот завршен говор за вториот владин мандат, Рама изјави дека новата влада бара добра владејачка формација, добар координатор на парламентарната група, како и долга „резервна клупа за да се создадат можности партијата да се енергизира“.

-Новата влада ќе биде објавена следната недела и ќе ја продолжите целата работа, без да дозволите ниту еден ден да помине залудно. Имаме шампионски тим, каде има многу избори за секоја улога. Четиригодишното првенство кое започна ден по последните избори бара не само добра владејачка формација, добар претседател на пратеничката група или ефективен претседател на самата партија, туку и долга резервна клупа за да може да ја поттикне партијата. Со голема благодарност до сите вас, вашата поддршка, вашиот придонес, ви благодарам уште еднаш за целиот овој предизвикувачки временски период, рече премиерот, на средбата со досегашниот владин кабинет.

Понатаму, Рама зборуваше за постигнувањата во текот на двата мандата во сите области, како што се културата, одбраната или надворешната политика.

Тој не остави без да ја спомене иницијативата за „Отворен Балкан“, велејќи дека воопшто не го загрижуваат контроверзи и обвинувања.

-Меѓународната репутација, почитта кон нашите сојузници, вклучувањето на дијаспората како никогаш досега во однос на владата, самата слика за нашата земја, немаат никаква споредба со 2013 година. Тие денес се многу повисоки отколку во 2017 година. Го заокружувам својот мандат со реализација на сите услови за интеграција и со отворање на ново поглавје, како иницијатор на „Отворен Балкан“. Контроверзноста околу „Отворен Балкан“ и ужасните обвинувања против владата и мене воопшто не ми пречат и воопшто не треба да ни пречат во третиот мандат. Има многу чад и оган, но новата влада ќе оди напред и во оваа насока, без да пропушти ниту еден ден. Уверен сум дека со владата на Косово ќе направиме многу добра работа, и покрај несогласувањето околу „Отворен Балкан“, изјави Рама.

Тој уште додаде дека „Отворен Балкан“ го поддржува германската влада „спротивно на она што им се кажува на луѓето во Приштина и Тирана“.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Рама побара поддршка од албанската дијаспора во САД за негов четврти мандат

А1он

Фон дер Лајен: Извештајот за напредокот на земјите ќе биде објавен следната недела, Албанија со одлични резултати

А1он

Рама: Тажен сум што братска Македонија не е денеска со нас, нанесена и е голема штета

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци

Надал се согласи со Рама-отвора академија за тенис во Албанија

Предраг Петровиќ