Рама јавно им се извини на граѓаните за објавените лични податоци и најави темелна истрага

Од:

По вчера обелоденетиот скандал, со јавно објавениот список на плати, единствени матични броеви и работни места на 637.138 албански граѓани, функционери, политичари, јавна и државна администрација, како и вработени во приватниот сектор, денеска реагираше и премиерот Еди Рама.

Тој упати јавно извинување до граѓаните за „упадот во нивниот приватен живот“, ветувајќи темелна истрага, но не отфрлајќи ја можноста дека „целта на ова е насочена кон дестабилизација на земјата“.

– Сакам да им се извинам на сите оние кои со право се загрижени за ваквото мешање, во овој аспект, од нивниот приватен живот, а во меѓувреме од почеток сакам да истакнам дека ова е настан кој заслужува темелно да се истражи. Посакувам, се надевам и ги повикувам органите на прогонот да ја спроведат оваа истрага најдобро што можат. Од друга страна, би сакал да споделам со јавноста дека според мене не е тешко да се разбере дека целта на сето ова а тоа е да се поттикне нестабилност во земјата, кој не е прв обид, рече Рама.

Тој додаде дека со оглед на изјавите од собраниските и антисобраниските говорници, можеби ова не е последен ваков чин, па затоа „мојот повик до Обвинителството е да направи темелна истрага“.

– Целоно да се истражат сите, вклучително и даночните инспектори кои имаат пристап до системот на плати, во рамки на делокругот на нивните работни надлежности, оние кои моментно работат во овој систем или други кои можеби го напуштиле овој систем во периодот од извлечените податоци до денес, но и оние кои од собраниските говорници и антисобирите предупредуваат на други зли намери, посочи тој.

Рама истакна дека од прелиминарните анализи тоа „повеќе личи на интервенција од внатрешна инфилтрација“.

– Би сакал да појаснам дека имаме работа со интервенција, која секако треба да се истражи до крај, но која со прелиминарната анализа повеќе личи на интервенција од внатрешна инфилтрација, а не од надворешна, во форма на кибер напад, што исто така се случува. Но, сепак не сме ниту први ниту последни ако се однесува само на последниот временски период, рече Рама.

Според него во периодот 2019/20/21 година, вакви настани се случиле во многу земји, со, како што рече, многу повисоки капацитети и кибер одбрана, САД, Русија, Велика Британија и Канада, што е „нов предизвик на времето“.

Веднаш по објавувањето на скандалот, албанскиот претседател, Илир Мета, тоа го оцени како криминален акт, кој го доведува во опасност социјалниот мир и побара итна истрага. Тој оцени дека објавувањето на ваквите податоци претставува флагрантно кршење на слободите, човековите права и достоинство, законите и Уставот, додавајќи дека се работи за „последователен плод на незаконитост“.

Реагираше и опозициската Демократска партија, која побара од премиерот Рама да ја преземе одговорноста, како главен виновник и да поднесе оставка поради предметниот скандал.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Рама побара поддршка од албанската дијаспора во САД за негов четврти мандат

А1он

Фон дер Лајен: Извештајот за напредокот на земјите ќе биде објавен следната недела, Албанија со одлични резултати

А1он

Рама: Тажен сум што братска Македонија не е денеска со нас, нанесена и е голема штета

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци

Надал се согласи со Рама-отвора академија за тенис во Албанија

Предраг Петровиќ