Рама испрати писмо до првите луѓе на Советот на Европа: Отстранете ја дамката на срамот врз нашата нација со трговијата со човечки органи

Од:

Албанскиот премиер, Еди Рама, по „остриот“ говор во Парламентарното Собрание на Советот на Европа, се обрати со писмо до шефовите на Советот на Европа, во кое ги повика да ја „тргнат дамката на срамот од трговијата со човечки органи врз албанската нација“.

Писмото Рама го објави јавно на „Фејсбук“, каде пишува дека е потпишано вчера и испратено до сите шефови на Советот на Европа, со што расправата за отстранување на обвинувањата против Косово е однесена во друга фаза.

-Почитувани. Пишувам за да побарам внимание на суштинска работа, не само за земјата и луѓето што ги претставувам, туку и за сите нас. Ова прашање се однесува на правдата и човековите права, основните вредности во основата на секој демократски систем – оние вредности кои ги почитуваме во нашата секојдневна работа и кои се повеќе се загрозени во актуелната политичка ситуација. Како што можеби знаете, во 2008 година, поранешната обвинителка на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија, Карла Дел Понте, ги објави своите мемоари „Госпоѓа обвинителка“. Таму таа тврдеше дека припадниците на Ослободителната војска на Косово извршиле страшни злосторства, вклучително, пред сè, неконтролираното тргување со човечки органи, пишува меѓу другото Рама.

Додава дека нејзините обвиненија биле остро демантирани во Албанија, Косово и на други места во регионот, од „едноставна причина што истрагите спроведени во текот на неколку години од страна на главниот обвинител, вклучително и во Албанија, беа целосно неубедливи“.

-Тоа требаше да биде доволно за да се заврши работата каде што започна: на страниците на некнижевната фикција. Напротив, тоа беше пренесено од други, особено од членовите на партијата на Путин, Единствена Русија, во Советот на Европа, кои го инструментализираа за дополнително да го поттикнат рускиот наратив за Косово. Потоа беше презентиран извештај до Парламентарното собрание на Советот на Европа (повторно, во отсуство на докази). Врз основа на извештајот и сериозноста на наводите, Собранието во јануари 2011 година ја усвои резолуцијата 1782, насловена „Истрага за наводите за нехумано постапување со луѓе и трговија со човечки органи на Косово“, наведува тој во писмото.

Посочува дека единаесет години подоцна, сите истражни напори направени оттогаш, на национално, на регионално или на меѓународно ниво, за докажување на наводите за трговија со човечки органи „не успеале да го докажат она што беше познато: нема апсолутно никакви докази, ниту во Албанија, ниту на друго место во регионот, за вадење и трговија со органи, за што може да биде обвинет ни еден припадник на Ослободителната војска на Косово“.

Тој уште со тврдење дека, обвиненијата поднесени од специјализираниот суд во Хаг „не содржат ниту еден збор поврзан со наводното вадење и трговија со човечки органи“.

-Колку и да изгледа чудно, нема факти, нема сторители, нема жртви на трговија со човечки органи, наведува Рама во писмото во кое ја споменува Резолуцијата усвоена од албанскиот парламент против извештајот на Дик Марти и сопственото обраќање пред ПССЕ

-Се надевам на вашата поддршка за одобрување на нашето барање, за покренување на постапката што ќе доведе до последователен извештај, како искрен и секако неопходна исправка на една трагична грешка, чии последици продолжуваат да не прогонуваат. Дозволете ми однапред да ви се заблагодарам од се срце за вашата помош. Искрено, Еди Рама, завршува писмото.

Од Собранието на Советот на Европа во Стразбур, премиерот Рама побара во Албанија да се воспостави доверба во меѓународните институции. Барањето на премиерот Рама да се поправи оваа трагична грешка, како што ја нарече, предизвика бурни реакции од Советот на Европа. Но, тој без трошка загриженост ги коментираше овие противречности. Рама позитивно ја искоментира дебатата, бидејќи „покажува дека пораката што ја упатил имала ефект врз присутните“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Рама побара поддршка од албанската дијаспора во САД за негов четврти мандат

А1он

Фон дер Лајен: Извештајот за напредокот на земјите ќе биде објавен следната недела, Албанија со одлични резултати

А1он

Рама: Тажен сум што братска Македонија не е денеска со нас, нанесена и е голема штета

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци

Надал се согласи со Рама-отвора академија за тенис во Албанија

Предраг Петровиќ