Рама: Демократска партија ја следи линијата на Путин, кој посакува хаос во земјите на НАТО

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама, попладнево упати остри критики кон опозициската Демократска партија (ПД), обвинувајќи ја дека ја следи линијата на рускиот претседател Владимир Путин кој „посакува хаос во земјите на НАТО“.

Осврнувајќи се на континуираните апели на опозицијата за протести, Рама рече дека штета се нанесува на Албанија, бидејќи тие нема што да добијат.

-Путин сака хаос во земјите на НАТО. Локалните избори кај нас се во мај следната година. Што треба да значи тоа што го кажуваат: ќе дојдеме, ќе ја земеме канцеларијата, ќе го земеме покривот, ќе го земеме балконот. Ајде луѓе разбудете се. Мислите дека не е поврзано? Не, има голема поврзаност. Нема да земат ништо а голема штета и прават на Албанија, рече Рама на собир во северниот град Тропоја.

Обвини дека „опозицијата за сметка на Кремљ ангажира дел од Албанците кои несвесно стануваат нивни алатки“.

-Овие алатки се платени за оваа работа. Му зеле на Кремљ половина милион долари, за да ја урнат Социјалистичката партија од власт. Излегува дека шаторите биле финансирани со руски пари (протестите пред неколку години на опозицијата со поставување шатори), посочи Рама.

Тој и претходно обвини за директно руско влијание во неговата земја поврзувајќи го тоа со „лажните вести во медиумите, како и финансирањето на опозициската Демократска партија“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Рама побара поддршка од албанската дијаспора во САД за негов четврти мандат

А1он

Фон дер Лајен: Извештајот за напредокот на земјите ќе биде објавен следната недела, Албанија со одлични резултати

А1он

Рама: Тажен сум што братска Македонија не е денеска со нас, нанесена и е голема штета

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци

Надал се согласи со Рама-отвора академија за тенис во Албанија

Предраг Петровиќ