Рама: Да бидеме дел од ЕУ пред да ги спроведеме сите реформи

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама денеска во Котор изјави дека земјите кои преговараат со Европската Унија треба да бидат дел од политичкиот простор на ЕУ за подобро да се разбере за што се работи и како реформите се спроведуваат во пракса.

Во своето обраќање на Самитот на лидерите на земјите од Западен Балкан, Рама рече дека смета оти не треба да се чека да се спроведат сите реформи за ЕУ ​​да ги отвори вратите за земјите од Западен Балкан.

– Треба да бидеме дел од Унијата пред да ги спроведеме сите реформи за да видиме како тоа се спроведува во пракса и за полесно да се прилагодиме на пазарот на кој припаѓаме, рече Рама.

Тој го изрази својот ентузијазам и им се заблагодари на Оливер Вархеји и на Комисијата за нивната посветеност.

„Напредокот што го постигнавме од последната средба во Скопје говори сам за себе. Подготвивме индивидуални реформски планови, идентификувавме клучни иницијативи кои ќе не доближат до заедничкиот пазар и, конечно, почнавме да се подготвуваме за заеднички регионален пазар. Накратко, подготвени сме“, изјави Рама.

Би можело да ве интересира

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он

Рама: На автопатот кој ги поврзува Дебар и Тирана нема да се наплаќа патарина

А1он

ВИДЕО Еди Рама збесна за време на пренос во живо: „Е*и се, е*и се“

Горан Наумовски

Еди Рама го демантира извештајот на израелска телевизија за преговорите со САД за Палестинците

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Рама клекна на колена, па и го честиташе роденденот на Мелони

Горан Наумовски

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он