Лидерите на албанската опозиција, Еди Рама и Илир Мета, по денешниот инцидент на парламентараните избори во Албанија во кој беше убиен член на опозициското Социјалистичко движење за интеграција (ЛСИ) во местото Лач, побараа полицијата да не ги заштитува криминалците.
Рама и Мета апелираа до граѓаните да излезат на гласање, нагласувајќи дека албанскиот премиер Сали Бериша „не може да ја држи власта со крв“.
– И во овој миг кога зборувам полицијата не ја врши потребната задача. Криминални сили со поддршка на полицијата, се пуштија во акција уште во утринските часови. Ние сме тука и апелираме на што помасовен одѕив на изборите. Нема ништо да ја смени судбината на овие избори.
Ние сме одлучни и организирани во заштита на секој глас. Ги повикуваме сите граѓани со семејствата да одат да гласаат. Не постои криминалец, кој ќе го спречи народот на одлучи, порача Рама, кој е лидер на Социјалистичката партија (ПС).
Во единствениот избирачки список на Албанија се запишани 3.271.956 гласачи, а излезноста на изборите до 13 часот, според домашните набљудувачи, е околу 25 отсто.