Радио Ватикан го искара хрватскиот премиер

Од:

Радиото Ватикан со коментар реагираше на изјавата на хрватскиот премиер Зоран Милановиќ дека од рецесијата „нема да се излезе со Светиот дух, туку со работа и интелегенција“.

Се додека луѓето, и оние кои владеат и оние кои не владеат не се усогласат со Светиот Дух ќе останат во рецесија“, возвратија од Радио Ватикан.

Од Радио Ватикан кажаа дека премиерот  се лаже бидејќи „верниците со душа го молат Светиот Дух за дар на политичарите и за оние кои управуваат.
Само ако се води од љубов, ќе најде вистински решенија за општото добро на сите, рекоа од Радио Ватикан и порачаа дека треба лично, не само за својата добра плата да се избори туку и за многу поединци да остварат право на работа и заслужена плата за да можат нивните семејства да живеат а не само да преживуваат.

„Ако некој го претчувствува своето заминување, можеби тоа го говори поттикнат од истиот Дух во кој не ни верува, но признава дека не делува во хармонија со него“, пренесе радиото на Ватиканската црква.

Би можело да ве интересира

85 училишта во Хрватска добија исламистички закани, во истрагата се вклучи и Европол

Конечна пресуда: Иво Санадер не е воен профитер

Евакуација на училишта во Хрватска, добиле закани за бомби

(ВИДЕО На сцената во Загреб излегоа сребрените хрватски ракометари

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хрватските ракометарите пристигнаа на плоштадот Бан Јелачиќ, ги дочекаа со песна

(ВИДЕО) Панорама од пречекот на хрватските ракометари