Радев свика консултативна средба поради конфликтот во Украина

Од:

На иницијатива на бугарскиот претседател Румен Радев денеска во неговиот Кабинет во Софија започна средба посветена на делумната воена мобилизација во Русија, што ја нареди рускиот претседател Владимир Путин, јави дописникот на МИА од Софија.

dobivaj vesti na viber

На средбата присуствуваат техничкиот премиер Галаб Донев, членови на Владата и раководители на специјалните служби, кои ќе ги разгледуваат и последиците по безбедноста, економијата и социјалната сфера во Бугарија од ескалацијата на војната во Украина.

Консултативната средба беше свикана откако Путин нареди делумна мобилизација.

Техничкиот министер за одбрана на Бугарија Димитар Стојанов изјави дека мобилизацијата од руска страна носи ризик за националната безбедност на земјата, нагласувајќи дека во моментов не постои закана од директно вмешување на Бугарија во конфликтот.

– Бугарија почна да посветува поголемо внимание на источната граница, изјави претходно денеска на Стојанов.

Портпаролот на бугарското Министерство за надворешни работи, Костадин Коџабашев истакна дека Софија со исклучително внимание го следи конфликтот меѓу Русија и Украина, но според него, во оваа фаза нема конкретна воена закана врз Бугарија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

На рефрендумите во Украина гласале повеќе од 20% од населението, не се забележани прекршоци

А1он

Радев категоричен: Бугарија нема да ги признае резултатите од референдумите што Русија ги спроведува

А1он

Украина извести дека вратила нови територии на истокот на земјата

А1он

ВИДЕО: Путин го крена светот на нозе – НАТО се мобилизира, страв од нуклеарки

Анита Петровска Рајковиќ

Украина: Руската мобилизација беше предвидлив чекор што ќе се покаже крајно непопуларен во јавноста

А1он

Жителка на Херсон за прв пат виде украинските војници по повлекувањето на руските трупи: Шест месеци се молиме да дојдете

А1он