Радев ја демантира Сиљановска-Давкова, тврди дека го коментирал предлогот за уставни измени со одложено дејство

Од:

„Гордана Сиљановска-Давкова, како добар правник, многу добро знае дека обврските преземени со меѓународни договори едноставно мора да се почитуваат“.

Ова денеска го изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев, коментирајќи ја вчерашната изјава на македонската претседателка дека „излезното, соломонско решение за спорот со Бугарија се уставни измени со одложено дејство“ пренесе бугарската агенција „БГНЕС“.

Радев, како што јавува агенцијата, го демантираше тврдењето на македонската претседателката дека на нивната средба во Баку тој не го коментирал предлогот за уставни измени со одложено дејство.

„Искажав многу јасна оценка и уште еднаш подетално ја запознав г-ѓа Сиљановска со преговарачката рамка и општиот европски консензус од јуни 2022 година, прифатен и со согласност на тогашната Влада на Северна Македонија. Исто така, ја запознав и со нашиот Договор за пријателство, добрососедство и соработка и, што е многу важно, со вториот протокол според овој Договор. Тоа се меѓународни обврски, а г-ѓа Сиљановска, како добар правник, многу јасно знае дека обврските преземени според меѓународните договори едноставно мора да се исполнат. Уште еднаш ја истакнав нашата подготвеност да помогнеме за побрзо да се достигнат условите поставени во овие меѓународни документи, за да се отвори вратата за почеток на преговорите“ – изјави Радев.

Сиљановска-Давкова во вчерашно тв интервју рече дека е оптимист дека работите може да се придвижат во скоро време и земјава да ги почне преговорите со Европската Унија и дека според неа излезното, соломонско решение за спорот со Бугарија е решението за уставни измени со одложено дејство.

За ваквото решение, како што рече таа, разговарала и со бугарскиот претседател Румен Радев, но и со сите други претставници на земји од ЕУ, како и други земји пријатели и поддржувачи, кај кои наишла на разбирање.

Би можело да ве интересира

Радев и честиташе на Шекеринска: Го очекувам нејзиниот придонес во зајакнување на колективната одбрана

А1он

Мицкоски се надева дека Македонија до крајот на годинава ќе продолжи достоинствено кон ЕУ

Катерина Ѓуровски

Сиљановска се сретна со Радев: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ

(ВИДЕО) Радев: Нема потреба од посредништво меѓу Скопје и Софија

(ВИДЕО) Бојко Борисов бара оставка од вицепремиерот Николоски: Не треба да има средби со овие луѓе

Катерина Ѓуровски

Нови тензии за инцидентот „македонско знаме“, Софија обвинува за „провокации и навреди“

Катерина Ѓуровски