Радев до Унгарците: Да ги убедиме нашите браќа во Македонија дека без уставни измени нема ЕУ

Од:

Претседателот на Бугарија – Румен Радев ја повика Унгарија да ги убеди властите во Македонија дека вклучувањето на Бугарите во македонскиот Устав и почитувањето на нивните права се неопходни услови земјата да почне преговори за членство во ЕУ.

„Ја повикав унгарската страна, која има пријателски односи со нашите браќа во Република Северна Македонија и растечки економски односи со РСМ, да ѝ помогне на оваа земја, со тоа што навистина ќе ги убедиме нашите браќа дека прифаќањето и вклучувањето на Бугарите во Уставот, почитувањето на европскиот консензус и отсуството на притисок и дискриминација врз Бугарите се неопходен услов за почнување преговори за членство во Европската Унија“, изјави Радев, пренесе „БНР.бг“.

Радев истакна дека Софија го поддржува европскиот пат на балканските земји, но напредокот, според него, треба да зависи од индивидуалните заслуги на секоја држава.

Би можело да ве интересира

Бугарија се справува со последиците од катастрофалните поплави, Радев се заблагодари за понудената помош од Македонија

Катерина Ѓуровски

Радев до лидерите на ЕУ: Правата на Бугарите во Македонија не можат да бидат предмет на политички договори

А1он

(ВИДЕО) Мицкоски: Бугарија има можност да се докаже на 24 јуни, па како добри соседи да ги градиме односите

Радев: Чекаме да се отвори процесот на присоединување и да почнат преговори со С. Македонија и со промени во Уставот

А1он

Засега нема пристигнато барање од Румен Радев за средба со Сиљановска Давкова, вели Мицкоски

Претседателот предложи, а бугарскиот парламент го одби референдумот за еврото

А1он