Путин: Русија дава поддршка на Србија во преговорите со Приштина

Од:

Претседателот на Русија, Владимир Путин денес порача дека со потпишувањето на Декларацијата за стратешко партнерство помеѓу Србија и Русија соработката ќе се подигне на ново, квалитетно ниво.

-Денес е голем ден за Србија, бидејќи го формализираше своето вековно братство со Русија-истакна претседателот на Србија Томислав Николиќ, по состанокот со рускиот колега.

Двајцата претседатели најавија дека ќе продолжи работата на заеднички проекти и вложувања кои што започнаа, пред се во енергетскиот сектор.

Путин изјави дека Русија не го промени својот став за Косово и дека дава поддршка на српските пријатели во преговорите со Приштина во Брисел.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Руски дрон погоди автобус во Украина, најмалку девет лица загинаа, а 30 се повредени

(ВИДЕО) Русите го напаѓаат регионот Одеса со беспилотни летала

Руската одбрана собори 11 украински беспилотни летала

Путин призна дека Русија повеќе пати напаѓа цивилни цели во Украина

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Киев е под притисок да заборави на НАТО и да го прифати признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски