ВИДЕО: Пукање во училиште во Босна, еден повреден

Од:

Еден вработен е повреден во пукање во основно училиште во градот Луковац во Босна и Херцеговина. Пукал малолетен ученик кого полицијата го привела информираат босанските медиуми. Стануза збор за поранешен ученик. Малолетникот кој е роден во 2008 година поради лошо однесување бил префрлен во друго училиште.

Имено, утринава околу девет часот во основното училиште во Лукавац дошло до пукање во кое според првичните информации еден вработен е тешко повреден. Се уште не е потврдено за кого точно се работи, со оглед на тоа дека според едни сознанија бил застрелан педагог, а според други наставник.

Како што официјално ни потврдија од УКЦ Тузла, пациентот О.Н. бил хоспитализиран поради прострелна рана во пределот на вратот. Во моментов е во тек операција.

Оваа информација за Klix.ba ја потврди и градоначалникот на Лукавац, Един Делиќ, посочувајќи дека пукањето го извршил ученик.

Како што ни изјави Делиќ, тој бил ставен под полициска контрола и веднаш приведен во полициска станица. Исто така, пронајдено е и оружјето со кое го извршил нападот.

Полицијата се уште не соопштува детали за случајот, наведувајќи дека од терен се прибираат оперативни информации.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уште се трага по исчезнати во Босна: Ова е катаклизма

Катерина Ѓуровски

Пронајдени уште две тела во поплавените региони во БиХ

Катерина Ѓуровски

Спасувачите во Јабланица извлекоа мало дете: Беше под плоча тешка два тона

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пронајдени уште тела, порасна бројот на мртви во поплавите во Босна

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Расте бројот на мртви во БиХ, спасувачите објавуваат драматични снимки

ВИДЕО: Шини буквално висат во воздух, огромни штети од поплавите во Босна и Херцеговина

Катерина Ѓуровски