ПССЕ одлучи да го продлабочи дијалогот со Собранието на Косово

Од:

 Парламентарното Собрание на Советот на Европа одлучи да го продлабочи дијалогот со Собранието на Косово, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Во резолуцијата која беше усвоена денеска ПССЕ ја подвлече потребата Советот на Европа да „одржува директни работни односи со властите на Косово на сите нивоа“, со цел да се гарантира добро спроведување на активностите за соработката која ја има СЕ со Косово.

ПССЕ исто така одлучи да го интензивира дијалогот со претставниците на избраните политички сили во Собранието на Косово, при што Канцеларијата на ПССЕ е повикана да ги утврди модалитетите на соработката.

За резолуцијата гласаа 115 парламентарци, 11 беа против, а пет беа воздржани. Во неа се изразува жалење за спороста во напредокот за подобрување на правната држава во Косово, посебно во борбата против организираиот криминал и корупцијата.

ПССЕ ги повикува властите од Косово, но исто така и мисијата за промовирање на Правната држава на ЕУ (ЕУЛЕКС) и мисијата за времена администрација на Косово на ОН (УМНИК) „да продолжат со зајакнување на правната држава и правната, институционалната и политичката рамка во бробата против корупцијата.“

Следејќи го предлогот на известувачот Бјорн вон Сидов од Шведска, ПССЕ ги повика властите од Приштина и Белград да соработуваат со ОН во истрагите за воени злосторства и организираниот криминал водени.

ПССЕ ќе продлжи да го следи одблиску равојот на ситуацијата во областа на демократијата, човековите права и правната држава на Косово, како и активностите на СЕ кои се однесуваат на овие области. Белград и Приштина се повикани да го продолжат дијалогот, за кој се истакнува дека сведочи за поголемата подготвеност на двете страни да се промовира помирувањето и надминувањето на минатото.

Би можело да ве интересира

Таравари, Фетаи и Ќоку, првата посета надвор од земјава ја остварија во Косово

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане