Првата испорака на ракетниот систем С-400 Турција ја очекува во јули

Од:

Турскиот потпретседател, Фуат Октај за тамошните медиуми најави дека земјата првата испорака на ракетниот систем С-400 ја очекува во месец јули. Турција, со купувањето на рускиот ракетен систем ги следи своите интереси, истакна Октај, додавајќи дека земјата го прави она што е неопходно за сопствените интереси кога станува збор за ракетниот одбранбен систем С-400, и носи сопствени одлуки и прави сопствен избор, изјави Октај за турската новинска агенција Анадолија.

Турскиот потпретседател истакна дека Турција нема да се откаже од купувањето на рускиот систем С-400, бидејќи веќе е потпишан договор.

Официјални претставници на САД сугерираа дека Турција треба да го купи американскиот ракетен систем „Патриот“, наместо рускиот систем, тврдејќи дека С-400 е некомпатибилен со системите на НАТО. Турските власти одговорија дека Турција нема да се повлече од договорот со Русија, дури и ако треба да го купи и системот „Патриот“.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот