Проблемите со кои се судрува проектот за гасоводот „Јужен поток“, имаат јасно политички карактер, изјави поранешниот бугарски претседател Георги Прванов во ексклузивното интервју за ИТАР-ТАСС.
Прванов истакнаува дека „Јужен поток“ е „економски погоден, дава гаранции за безбедноста на бугарската енергетика, позитивно се одразува врз социјалната сфера и на Бугарија и на сите други земји членки на ЕУ им дава дополнителни гаранции во најширока смисла на зборот“.
Затоа, според него, проектот „барал од бугарската Влада да покаже карактер, како што направија некои други земји“. – Наместо тоа, меѓутоа, сосема неочакувано прозвучи изјавата на бугарскиот (премиер) Пламен Орешарски дека наредил „Јужен поток“ да се запре, продолжи Прванов.
– Очигледно е дека Бугарија станува заложник во геостратегиските игри, додава тој.
Поранешниот бугарски претседател изразува неразбирање за позицијата на луѓето од раководството на ЕУ кои изјавија дека додека Русија и Украина не ги расчистат меѓусебните недоразбирања од „Јужен поток“ нема ништо.
– Зошто, меѓутоа, никој не го постави прашањето за „Северен поток“? Нели штом има северен гасоовод, треба да има и јужен, вели тој.
Бугарскиот политичар е убеден дека неговата земја има потреба од моќен енергетски капацитет, што не ќе може целосно да се развива без проекти за изградба на гасоводи, од кои, според него, најперспективен е „Јужен поток“.
Бугарија може да биде достоен партнер во рамки на ЕУ и истовремено да оддржува добри односи со Русија, смета Георги Прванов.