Протести на незадоволни Романци во странство од неорганизираноста за изборите за претседател

Од:

Илјадници Романци синоќа протестираа во странство незадоволни дека не успеале да гласаат во првиот круг од изборите за претседател, јавуваат романски медиуми.

Над две илјади Романци се обидоа да упаднат во Амбасадата на Романија во Париз поради неорганизираниот процес за гласање. Демонстрантите скандираа: Долу Понта, и блокираа неколку улици околу Амбасадата по што беше ангажирана француската жандармерија.

Над илјада Романци кои не успеаја да гласаат во Лондон протестираа пред Амбасадата, додека долги редови имаше и пред избирачките места во Молдавија.

МНР на Романија ги повика граѓаните во странство да „имаат разбирање“.

Истовремено претседателот Трајан Басеску побара оставка од министерот за внатрешни работи Титус Корлацјан и на министерот задолжен за Романците во странство Богдан Станоевич. Басеску ги повика двајцата министри да се повлечат од функциите заради начинот на кој изминаа изборите во странство.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес ја погоди Романија

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година