Проституцијата во Грција зголемена за 1.500 отсто

Од:

Како резултат на економската криза што ја зафати Грција, проституцијата во оваа земја во последните неколку години се зголемила за 1.500 проценти.

Оваа бројка е утврдена преку проучување кое заеднички го спровеле Одделот за криминологија на Универзитетот Пантион, Националниот центар за социјални истражувања и грчкиот омбудсман, јави дописникот на МИА од Атина.

Млади, невработени девојки секојдневно се впуштаат во проституција, а во исто време постојано расте и бројот на жртвите на трговија со луѓе. Во центарот на Атина, многу студентки шетаат по улиците и бараат клиенти за да можат да си го платат школувањето. Според девојките, нема многу клиенти и поради тоа цените се значително паднати.

Според истражувањето, повеќето проститутки работат за 20 или 30 евра. Некои од полово преносните болести, за кои досега се веруваше дека исчезнале, сега секојдневно се регистрираат.

Трговијата со жени годинава се очекува да генерира околу 80 милијарди долари во Европа. Според едно претходно истражување на Меѓународната организација за миграција, само 45 проценти од жените, кои се жртви на трговија со луѓе, успеваат да избегаат во првите 12 месеци.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија