Пронајдени седум безживотни тела во близина на грчкиот остров Китира по несреќата со мигрантите во средата

Од:

Во спасувачката акција на грчката крајбрежна служба во близина на островот Китира, пронајдени се безживотните тела на седум лица, по несреќата во средата вечерта, кога потона чамец со околу 95 мигранти.

Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека кај Китира, островот што се наоѓа јужно од Пелопонез, вчера биле извлечени безживотните тела на четири мажи и две жени, а во акцијата што трае неколку дена, спасени се вкупно 80 лица, 55 мажи, седум жени и 18 деца.

Денеска било пронајдено телото на уште едно лице, додека, пак, потрагата продолжува.

Несреќата се случи доцна вечерта во средата кога едрилица со мигранти удрила во карпа и преку бројот за итни случаи 112 била побарана помош.

Неколку часа подоцна, имаше бродолом и кај Лезбос, островот во северниот дел на Егејското море и во близина на турското крајбрежје и беа спасени 28 лица, а загинаа 18 миграни (16 жени, едно дете и еден маж).

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски