Пронајдена неексплодирана бомба во Нов Белград

Од:

На булеварот „Зоран Ѓинѓиќ“ во Нов Белград денеска е пронајдена неексплодираа бомба тешка околу сто килограми, изјавија претставници на српското Министерство за внатрешни работи, јави Танјуг.

На лице место излегле контрадиверзантски екипи и припадници на Секторот на вонредни ситуации.

Бомбата вчера околу 16 часот ја пронашле работници на Белградски електрани при изведување на работи.

Министерството нагласи дека работниците на Белградски електрани со багер ја ископале авионската бомба, со маса од околу 100 килограми, која е во доста лоша корозивна состојба и најверојатно е останата од Втората светска војна.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ