Пролетна промоција на „ИнтерРаил“ билетите на „Железници на Србија“

Од:

Во рамки на својата пролетна промоција „Железници на Србија“ од 1 февруари почнува со продажба на ИнтерРаил билети (InterRail Global Pass) по пониски цени од 15 отсто. Понудата важи до 31 март.

Последен рок за почеток на користењето на билетите, купени од оваа пролетна промотивна понуда, е 16 мај 2015 година.

Инерејл глобал пас, билетите ќе можат да се купат за патување во одредени временски периоди (flexi pass) и тоа за петдневно патување во рок од десет дена на важност на билетите или десетднено патување во рок од 22 дена важност на билетите, како и за непрекинато патување во период од 15 дена, 22 дена или еден месец.

Цена на билетот за возрасен во втора класа, за патување од пет дена во рамки на десетдневното важење на билетот, според промотивната понуда чини 224 евра, додека неговата редовна цена е 264 евра.

Билет за патување од десет дена во рамки на 22 дена на нејзино важење чини 318 место досегашните 374 евра, додека за 15 дена патување треба да се издвојат 352 место 414 евра, колку што е редовната цена на билетот.

За млади од 12 до 26 години, според промотивната цена, билетите за втора класа, за патување од пет дена во рамки на десет дена важење на билетот, чинат 163 евра, додека редовната цена е 192 евра.

Деца на возраст од четири до 12 години возраст со услов првиот ден на важење на билетот да не наполниле 12 години, се превезуваат бесплатно. За едно возрасно лице купен билет од ИнтерРаиул Глобал Пас, можат да се возат уште две деца бесплатно.

Доколку возрасно лице сака да патува со повеќе од две деца, за трето и секое наредно дете, би требало да купи посебна ИнтерФаил Глобал Пас за „Млади“. Билетите по оваа понуда наменети се за сите категории патници (возрасни, деца, млади и сениори) за возови во прва и втора класа.

Патниците кои купуваат ИнтерРаил билети имаат право да купат билет со намалување од 50 отсто, на релација од местото на живеење до граничната станица на „Железници на Србија“ со соседната железница и назад.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ