Професор во БиХ е осомничен дека имал односи со негова ученичка

Од:

Обвинителството на Зеничко-добојскиот кантон завчера достави до судија за претходна постапка на Општинскиот суд во Завидовиќи предлог за определување мерка притвор против осомничениот А.С., соопшти денес Обвинителството.

Се смета дека постои основано сомнение дека А.С. ја искористил својата позиција на 16 мај оваа година, бидејќи е класен наставник и стручен предметен наставник на повредената малолетничка, која му била доверена за учење и грижа.

Се сомнева дека професорот имал сексуални односи со својата ученичка, иако знаел и бил свесен за нивниот однос наставник-ученик, како и за нејзината возраст, се вели во соопштението на Обвинителството на ЗДК.

Доколку се докаже сето ова, А.С. со тоа би го сторил кривичното дело обљуба со злоупотреба на положбата од член 205, став 2 од КЗ на БиХ.

Би можело да ве интересира

Во Бања Лука се уништени повеќе од 1.500 парчиња оружје

А1он

Земјотрес со јачина од 3,5 степени ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Снег во Србија и во БиХ

Голдшмит: Босна и Херцеговина дефинитивно не е подготвена да биде вклучена во ЕУ

Кос: БиХ ќе се ослободи од странците кога ќе влезе во ЕУ

Горан Наумовски

Наставник од Тетово истепа двајца 10-годишни ученици