Продолжуваат штрајковите во Грција

Од:

Во Грција продолжуваат штрајковите во државниот сектор, образованието, општинската администрација и осигурителните компании против планираните масовни отпуштања од работа и прераспределби на државните службеници, кои се поставени како услов од меѓународните кредитори на земјата за добивање финансиска помош.

Федерацијата на државните службеници (АДЕДИ) за денеска најави 48-часовен штрајк на наставниците. Од 10 до 13 часот работата ќе ја прекинат и новинарите, а во протестот ќе се вклучат и даночните инспектори и пилотите. Во нов петдневен штрајк излегуваат и вработените на универзитетите.

Од вчера 48-часовен протест започнаа професорите во средните училишта, вработените во осигурителните компании и општинската администрација.

Протестите се последица на договорот меѓу Владата во Грција и меѓународните кредитори до крајот на овој месец да бидат прераспределени и отпуштени од работа 12.500 државни службеници, а до крајот на годинава вкупно 25.000. Во период од осум месеци тие ќе добиваат 75 отсто од платата, а доколку бидат префрлени на друго работно местп, ќе бидат отпуштени.

Претстојните намалувања на бројот на државните службеници е многу алармантна состојба во Грција, каде невработеноста веќе достигна рекордни 28 проценти.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија