Продолжуваат протестите во Бугарија против корупцијата и мерките за штедење

Од:

Десетина илјади Бугари денеска ширум земјата протестираа поради корупцијата и мерките за штедење, во исто време барајќи поевтина електрична енергија и нови изборни правила, откако владата поднесе оставка минатата недела.

Во Софија над 10.000 луѓе протестираа во центарот на Софија под мотото „Доста илузии, цивилна акција секој ден“. Демонстрантите пред Парламентот извикуваа и „Мафија“ и „Сите партии надвор“, веејќи национални знамиња.

Претседателот Росен Плевнелиев на кратко се појави пред демонстрантите и им се заблагодари за мирните протести, но беше исвиркан.

Во Варна се одржаа најголемите демонстрации до сега на кои учествуваа од 20.000 до 40.000 луѓе блокирајќи го сообраќајот во центарот на градот, барајќи оставка од градоначалникот Кирил Јорданов.

Демонстрации имаше и во Бургас и во Пловдив.

Повеќе од 200 Бугари денеска протестираа и пред Амбасадта на Бугарија во Атина во знак на солидарност со протестите во нивната таковина.

Околу 30 лица утрово протестираа и пред Бугарската амбасада во Виена.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме