Продолжена рамката на санкции на ЕУ за Босна и Херцеговина

Од:

Советот на ЕУ доцна синоќа одлучи да ја продолжи постоечката рамка за санкции поврзана за поткопувањето на територијалниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина.

Оваа рамка овозможува да се санкционираат лица и ентитети кои ги загрозуваат интегритетот, суверенитетот, и уставниот поредок на Босна и Херцеговина. Рамката се продолжува до 31 март 2024. Со оваа рамка ЕУ може брзо да изрече санкции рестриктивни мерки против било кој што ја доведува стабилноста и безбедноста на БиХ во прашање или го нарушува Дејтонскиот договор.

Одлуката е донесена во ситуација на војна во Украина и ризик по стабилноста на БиХ со оглед на позициите на лидерите на Република Српска, каде реториката против единството на БиХ се засилува со месеци.

Во случај на активирање на овие санкции ЕУ има опција да замрзне имот и да забрани патување во ЕУ на лица и ентитети, како и да воведе забрана да им се ставаат било какви финансии од ЕУ земји на располагање на санкционираните.

Истовремено, ЕУ одлучи и да ја зајакне својата операција во Босна, мисијата Алтеа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повик за голем митинг во Република Српска, пресудата за Додик пат кон распад на Босна и Херцеговина

Предраг Петровиќ

Република Српска во вонредна состојба во очекување на пресудата за Додик

Уапсен министерот за безбедност на Босна и Херцеговина

ВИДЕО: Драматично во Босна, градови и села со денови се отсечени поради снегот

(ВИДЕО) Снегот го блокира Балканот: 10 часа семејства со деца биле заглавени во Босна

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Уште се трага по исчезнати во Босна: Ова е катаклизма

Катерина Ѓуровски