Судија за претходна постапка на Вишиот суд во Белград донесе решение со кое на обвинетиот Вељко С. (18) кој е осомничен дека влета во толпата на блокадата кај Институтот за ментално здравје и удри две жени, кои се здобија со полесни повреди му изрекува мерка притвор.
Притворот е одреден поради постоење на посебни околности кои укажуваат дека ќе се меша во постапката со влијание врз сведоците, поради постоење посебни околности кои укажуваат дека во случај да биде пуштен на слобода ќе го повтори кривичното дело за краток временски период, како и со оглед дека е констатирано сомнение за сторено кривично дело за кое е пропишана казна затвор над 10 години.
Исто така во предвид се зема и начинот на извршување и сериозноста на последиците на кривичното дело кои доведоа до вознемиреност на јавноста што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка, се наведува во соопштението на Вишиот суд во Белград.
Против наведената одлука е дозволена жалба до Апелациониот суд во Белград, во рок од три дена од приемот на решението.