Американскииот помошник државен секретар Викторија Нуланд на синоќашните средби со преставниците на косовскиот државен врв порача дека ако Косово сака да „оди напред“, треба да го формира Специјалниот суд за воени злосторства, при што од нивна страна и е дадено ветување дека оваа инситуција ќе биде формирана. јави дописникот на МИА.
На средбата на Нуланд со косовскиот премиер Иса Мустафа разменети се мислења за состојбите во Косово и регионот, за регионалната соработка, евоаталнските интегративни процеси, како и за напредокот во дијалогот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија.
– Премиерот Мустафа и помошник секретарот Нуланд разговараа и за формирање на Специјалниот суд, како и за големото значење што за Косово го има ниговото формирање, бидејќи тоа потвдува дека Косово има капацитет да преземе значајни одлуки за својата иднина, за да ги исполни меѓународните обврски и да оди напред во евроатланската интеграција, се наведува во соопштението од кабинетот на Мустафа.
Во соопштението се додава дека Мустафа ја запознал Нуланд и со владините напори за економски развој, јакнење на правната држава и борбата против тероризмот, насилниот есктремизам, корупцијата и организираниот криминал.
– Амреиканскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Викторија Нуланд, високо го оцени напредокот што го постигнува Репубика Косово и ја нагласи натамошната подршка на САД за Косово, стои во соопштението.
Нуланд се сртена и со шефот на државата Атифете Јахјага, со вице-премиерот и министер за надворешни работи Хашим Тачи, како и со претседателот на парламентот Кадри Весели, при што им нагласи дека косовската држава и политичарите треба да покажат зрелост и да го формираат Специјалниот суд за воени злосотрства извршени од страна на ОВК, со што ќе го затворат ова поглавје за Косово.