Приштина ги затвори премините Брњак и Мердаре

Од:

Деветти ден од блокадата на зградите на српските институции на северот на Косово. Властите во Приштина ги затворија за сообраќај контролните пунктови Брњак и Мердаре, бидејќи активисти на неколку српски здруженија го блокираа сообраќајот во близина на неколку административни пунктови.

Поради упад на полицајци во зградите на српските институции на север, вчера нешто по 18 часот започна сообраќајна блокада на неколку километри од административните пунктови Брњак, Јариње и Мердаре.

Министерот за внатрешни работи во Приштина, Ѓељаљ Свечља, објави дека премините Брњак и Мердаре се затворени бидејќи наводно маскирани лица малтретирале семејство кое патувало од правец на Зубин Поток преку Брњак и понатаму преку централна Србија кон Западна Европа.

Свечља ваквото однесување го нарече „фашистичко“ и донесе одлука да го забрани преминувањето на пунктовите Брњак и Мердаре.

Претседателот на Здружението на граѓани на Косовско-митровачкиот округ Раша Ројевиќ изјави дека четири од пет премини од правец на централна Србија и Црна Гора се блокирани.

Не е блокиран сообраќајот преку точките Мутивода, Кончуљ и Мучибаба кон Медвеѓа, Бујановац и Прешево.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пукање во Приштина: Има убиени и ранети

Горан Наумовски

Убиство во Приштина: Снаата во деверот испукала шест куршуми

Горан Наумовски

Во Приштина е убиено едно лице, извршител на убиството е жена

Горан Наумовски

Гужва на Богородица, Дојран, Меџитлија и Табановце се чека и до 45 минути

Горан Наумовски

Обвинителството во Приштина поднесе обвинение против тројца Срби

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот