Припадниците на КФОР ги остранија барикадите кај Рударе

Од:

Припадници на КФОР рано утринава ги остранија бетонските барикади од магистралниот пат Приштина-Рашка, кај местото Рударе, во близина на Звечан.

Акцијата на припадниците на меѓународните воени сили за отстранување на барикадите, што Србите претходно ги поставија на овој магистрален пат, траеше три и пол часа, јави Танјуг.

Во текот на акцијата немало инциденти, а при остранувањето на барикадите сите приоди кон Рударе биле блокирани.

Припадниците на КФОР по отстранувањето на барикадите се повлекле во својата база во јужниот дел на Косовска Митровица.

Во текот на акцијата на отстранување на барикадите, се слушнале сирени за узбуна во Звечан и Косовска Митровица, а потоа граѓаните се собрале во местото Рударе.

Србите пред неколку дена ги поставија бетонските барикади на магистралниот пат  во Рударе за да го оневозможат доаѓањето по овој патен правец на косовските цариници и пограничната полиција на преминот Јариње, кон Рашка.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски