Припадничката на босанската полиција на убиецот од Градачац му кажа каде се крие Низама

Од:

Припадничката на босанската полиција Џ.С., се сомничи дека на убиецот Нермин Сулејмановиќ му ја дала локацијата на неговата сопруга и нивното бебе, со што им го загрозила животот.

Сулејмановиќ, бодибилдер кој бил познат личен тренер во Градачац, ја уби својата сопруга Низама во петокот додека сето тоа го пренесуваше во живо на Инстаграм, а потоа уби уште двајца мажи, татко и син од Тутин. Во својот крвав пир рани уште три луѓе. Четири дена пред ова монструозно злосторство, Низама го пријави насилникот во полиција и се сокри во станот на нејзината тетка, а полицијата поднесе барање за забрана за приближување до судот, кој одби да ја определи оваа мерка.

Монструмот ја пронајде Низама, ги киднапира неа и детето, а откако брутално ја претепа, додека го снимаше злосторот, ја застрела во глава, а нивното дете го остави да лежи во локва крв.

Покрај Сулејмановиќ, уште две жени ја почувствувале огромната омраза на луѓето од целиот регион. Џ.С., полицаец која е осомничена дека му го дал местото на престој на Низама и судијката Лејла С., која не изрече забрана за задржување.

Она што дополнително ги разбесни сите е најавата на полицајката на денот на убиството на Низами. Таа ја објави својата црно-бела слика и напиша „Низама Хеќимовиќ! И име и презиме, крв и месо, со срце и душа…“

Полицајката, инаку, се претставува како борец за правата на жените и е против семејното насилство, а корисниците на социјалните мрежи ја критикуваа нејзината дволичност и тоа што му помогна на монструмот да ја убие неговата сопруга и да убие повеќе луѓе. Полицајката моментално е надвор од границите на БиХ, односно на одмор во Италија, а сега и се заканува суспензија и дисциплинска постапка бидејќи била во врска со криминално лице. Се чека нејзиното сослушување.

Нермин Сулејмановиќ, да потсетиме, по сопругата ги уби таткото и синот на Џенгис и Денис Ондер, кои од порано ги познавал и со кои бил во судски спор. Во таа прилика тешко ја рани мајката на Денис, а потоа и полицаецот кој се обиде да го задржи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уште се трага по исчезнати во Босна: Ова е катаклизма

Катерина Ѓуровски

Пронајдени уште две тела во поплавените региони во БиХ

Катерина Ѓуровски

Спасувачите во Јабланица извлекоа мало дете: Беше под плоча тешка два тона

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пронајдени уште тела, порасна бројот на мртви во поплавите во Босна

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Расте бројот на мртви во БиХ, спасувачите објавуваат драматични снимки

ВИДЕО: Шини буквално висат во воздух, огромни штети од поплавите во Босна и Херцеговина

Катерина Ѓуровски