Принцот претстолонаследник на Обединетите Арапски Емирати шек Мохамед бин Заед подари на Министерството за одбрана на Србија три блиндирани автомобили Мерцедес GL-500.
Министерството соопшти дека автомобилите ќе бидат на располагање на државните органи за превоз на странски гости за кои е потребен повисок степен на заштита.
Подарените автомобили чинат околу три ммилиони евра.
Шеик Мохамед бин Заед кој се смета за еден од најбогатите луѓе во светот, беше во посета на Србија за време на која беа разгледани редица проекти за инвестиции, јавуваат белградски медиуми.