Претседателството на БиХ најостро го осуди нападот над српскиот премиер Вучиќ

Од:

Претседателството на Босна и Херцеговина (БиХ) најостро го осуди и изрази длабоко жалење поради нападот над српскиот премиер Александар Вучиќ во Меморијалниот центар во Поточари, за време на комеморацијата на 20-годишнината од масакрот во Сребреница.

Претседателството на БиХ му се заблагодари на српскиот премиер за доаѓањето во Сребреница бидејќи тој тоа го направил во духот на помирувањето и со намера да им оддаде почит на жртвите, пренесуваат босанските медиуми.

Претседателството на БиХ исто така побарало од надлежните полициски и правосудни органи на сите нивоа да спроведат детална истрага со цел идентификацијата на извршителите на нападот.

Исто така, претседателството на БиХ побара да се испита и утврди одговорност на известувачко-безбедносните и полициските агенции на БиХ за евентуалните пропусти кои доведоа до загрозување на безбедноста на српскиот премиер.

Босанското претседателство е единствено во ставовите дека со целосна посветеност ќе продолжи да работи за забрзување на процесот на помирување, потоа да ја врати нарушната доверба и да ги унапреди односите меѓу БиХ и Србија, соопштиле од службата за односи со јавност на Претседателството на БиХ.

Би можело да ве интересира

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар