Претседателски избори во Романија

Од:

Романците денеска избираат нов претседател од 13 кандидати, а најголеми шанси имаат премиерот Марсел Чолаку, кој е поддржан од најголемата романска партија – Социјалдемократската партија и лидерот на десничарската Алијанса за обединување на Романците, Џорџ Симион.

Право на глас имаат нешто повеќе од 18 милиони Романци, а во странство живеат над 989,000 гласачи. Гласањето во странство почна завчера.

Најмладиот кандидат за претседател на Романија има 37 години, најстариот – 66.

Меѓу нив има искусни политичари и претставници од различни професии – ветеринари, новинари и адвокати, поранешен генерал и поранешен офицер.

Главен фаворит на претседателските избори е актуелниот премиер Чолаку.

Гласањето ќе заврши во 21 часот по локално време.

Би можело да ве интересира

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Романците пред нов историски „референдум“