Претседателот на турскиот Парламент го отфрли барањето на опозицијата за парламентарна истрага на Ердоган

Од:

Претседателот на турскиот Парламент Џемил Чичек го отфрли барањето на опозициската Народнорепубликанска партија за парламентарна истрага на премиерот Реџеп Таип Ердоган во врска со корупцискиот скандал.

Барањето е доставено на 28 мај и во него се споменува дека Парламентот веќе одлучил да состави комисија, која ќе ги истражува тврдењата за корупција против четворица поранешни министри од кабинетот на Ердоган по избивањето на корупцискиот скандал, во кој полицијата ги уапси синовите на тројца министри и бизнисмени, блиски до Ердоган.

Кон барањето се приложени и копии од снимки, за кои се тврди дека ги содржат разговорите меѓу премиерот Ердоган и неговиот син Биљал. Автентичноста на снимките се уште не е потврдена.

Народнорепубликанската партија ќе достави до Парламентот оваа недела барање за гласање недоверба на премиерот во врска со антикорупциските операции  од 17 до 25 декември, изјави пратеник од партијата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ