Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ рече дека на владата на Црна Гора е да одлучи дали ќе биде коспонзор на резолуцијата на Обединетите нации за геноцидот во Сребреница.
Милатовиќ во Цетиње по средбата со словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар изјави дека Црна Гора има јасен став за геноцидот во Сребреница.
– Дали владата се предомислила во однос на државниот став, тоа е прашање на власта, рече Милатовиќ.
Во 2021 година, црногорскиот Парламент усвои резолуција за Сребреница, со која, меѓу другото, „најостро го осудува геноцидот во Сребреница“ и забранува „јавно негирање на постоењето или минимизирање на геноцидот во Сребреница“ и го прогласува јули 11 како Ден на сеќавање на жртвите од Сребреница.
Минатата недела 75 црногорски невладини организации и 65 поединци поднесоа иницијатива до Владата Црна Гора да ја спонзорира резолуцијата на ОН за сеќавање на геноцидот во Сребреница, но владата на премиерот Милојко Спајиќ се уште не се изјаснила за иницијативата.
Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар изјави дека прашањето за Сребреница не е лесно, но дека сите знаат дека има судски одлуки со кои геноцидот е означен како геноцид и дека за тоа не се разговара и не треба да има.
„Словенија одлучи да ја ко-спонзорира резолуцијата затоа што се работи за тоа каква порака ќе им пренесеме на генерациите што доаѓаат после нас. Тоа е тешка работа, но мора да признаеме што сме направиле во минатото за да влеземе во иднината е мојата искрена порака до народот на Црна Гора“, рече Пирц Мусар.