Милатовиќ: Црна Гора на иста линија со ЕУ – потребни се нови избори во северно Косово

Од:

Црна Гора силно го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина и целосно го дели ставот со ЕУ дека за постигнување на деескалација на тензиите потребно е повторно да има избори во северно Косово, и да се исполнат и предусловите кои се однесуваат на формирањето на Заедницата на српски општини, вели во интервју за МИА новиот претседател на Црна Гора Јаков Милатовиќ.

-Мислам дека имаме потполно идентичен став во однос на ова прашање со ЕУ, дека за постигнување на таа деескалација е потребно повторно да има избори во Северно Косово, дека треба да се исполнат и оние предуслови, кои се однесуваат на формирањето на Заедницата на српски општини на северно Косово, како некои чекори до понатамошната деескалација на тензиите, и се она што води кон тоа Црна Гора го поддржува. Во таа смисла нашиот став е јасен и мислам дека е сличен со ставот на Северна Македонија. Сметам дека навистина ни е потребен просперитетен и стабилен Западен Балкан како дел од ЕУ, подвелекува во интервјуто за МИА дадено на маргините на Преспа Форумот за дијалог во Струга.

Милатовиќ на новата функција е неполн месец, откако на изборите за претседател го победи Мило Ѓукановиќ, кој повеќе од три децении ја одредуваше политиката на земјата.

Во видео интервјуто кое МИА целосно ќе го објави утре, шефот на црногорската држава зборува меѓу другото и за очекувањата од новата црногорска Влада која треба да се формира по изборите одржани минатата недела, на која победи Движењето Европа сега (Покрет Европа сада-ПЕС), чиј коосновач е тој. Милатовиќ кој е економист по вокација и поранешен министер за економија и развој, се осврнува и на процесот на евроинтеграциите, како и на иницијативата Отворен Балкан.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Црна Гора: На владата е да одлучи за спонзорирање на резолуцијата за Сребреница

Милатовиќ поднесе оставка од сите функции во партијата

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Црна Гора

Милатовиќ не го сака скапиот „мајбах“ од Ѓукановиќ

Горан Наумовски

ВИДЕО: Новиот црногорски претседател ја презеде функцијата

Новиот црногроски претседател денеска ја презема должноста