Новиот црногроски претседател денеска ја презема должноста

Од:

Новоизбраниот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ денеска во црногорскиот Парламент ќе положи заклетва и ќе ја преземе функцијата претседател на државата, а лидерите на повеќето земји од регионот, најавија дека ќе присуствуваат на неговата инаугурација.

Според црногорскиот устав, новоизбраниот претседател полага заклетва на денот кога му истекува мандатот на неговиот претходник, а церемонијата на инаугурација ќе започне во 12 часот. На крајот од собраниската седница ќе се одржи свечена церемонија на воен поздрав на платото пред црногорскиот парламент. Повеќето шефови на држави од регионот во сабота ќе дојдат во Подгорица на инаугурацијата на новиот претседател. Присуството на претседателот на Србија, Александар Вучиќ се уште не е официјално потврдено.

Поради доаѓањето на голем број високи функционери, нивото на безбедност во Подгорица е подигнато на повисоко ниво, патиштата во центарот на градот ќе бидат затворени за сообраќај во поголемиот дел од денот, додека полицијата најави зголемено присуство на сите раскрсници.

Јаков Милатовиќ доминантно го победи Мило Ѓукановиќ во вториот круг од претседателските избори на почетокот на април, освојувајќи 60 отсто од гласовите. Уставот на Црна Гора предвидува дека претседателот на државата се избира на непосредни избори на пет години.

Од обновувањето на независноста на 21 мај 2006 година, функцијата претседател на Црна Гора ја имаат Филип Вујановиќ, кој беше избран на претседателските избори во 2008 и 2013 година, и Мило Ѓукановиќ кој беше избран во 2018 година.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора